Top Sport

Христодопулос: Очекував подобар Милан

Поранешниот играч на Болоња, а сега член на АЕК Атина, Лазарос Христодопулос по одиграното реми без голови на гости кај Милан вели дека е разочаран од италијанскиот тим и дека очекувал многу посилен тим.

Со ремито, АЕК ги задржа шансите за пласман во следната рунда, а во исто време се зголеми притисокот на тренерот на Милан, Винченцо Монтела, што се покажа и со малиот број на домашни навивачи и со свирежите кои ги добија играчите на Милан.

„Секогаш е прекрасно да се вратиш во Италија, бидејќи поминав фантастични три години тука. Очекував посилен Милан. Можевме да победиме со малку повеќе фокус во нападот. За реваншот нашата публика ќе биде добро расположена и нема да биде пријатно за Милан.  Дома ќе биде сосема поинаку“, вели Христодопулос.

Тој имаше мислење и за борбата за титулата во Серија А.

„Се гледаше дека Наполи изградија одличен тим во последните години и нивната форма не изненадува. Сепак, сезоната е долга и рано е за прогнози“, додава грчкиот интернационалец.

Scroll to Top