Top Sport

Домагој Вида со расцепена глава, целиот во крв одбил замена

Од Киев пристигнаа вознемирувачки фотографии од натпреварот помеѓу Динамо и Јанг Бојс (2:2) одигран во рамките на третото коло, во Б групата во Лига Европа.

Играчот на украинскиот тим, дефанзивецот Домагој Вида добил удар во главата vo еден воздушен дуел што предизвикало крвавење.

Хрватскиот репрезентативец примил лекарска помош, но одбил замена. Се вратил на теренот, но во 80. минута борбениот дефанзивец сепак се пресели на клупата.

По ремито 2:2, Динамо води во групата Б со седум бодови пред Јанг Бојс со три и Партизан и Скендербег, кои имаат по два бода.

Во наредното, четврто коло, Динамо ќе му гостува на Јанг Бојс.

Scroll to Top