Top Sport

Хрватите договорија пријателска со Бразил

Хрватска и Бразил договорија пријателски натпревар што на 3.јуни ќе се одигра на „Енфилд“ во Ливерпул. Дуелот ќе биде последна проверка на двете репрезентации пред стартот на Светското првенство во Русија.

Постоеше можност противниците од минатото СП во Бразил да се сретнат на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, но на крајот двете делегации решиле генералната проба пред мундијалот да ја имаат на легендарниот стадион во Ливерпул.

Хрватите пред овој натпревар ќе одиграат пријателски натпревари со Перу и Мексико.

Бразил во Русија првиот меч ќе го одигра против Швајцарија додека хрватите на стартот ќе играат против Аргентина.

Scroll to Top