Top Sport

Милан од наредната сезона ќе носи „Пума“

Фудбалскиот клуб Милан во понеделникот ја официјализира соработката со производителот на спортска опрема „Пума“. Соработката ќе започне по завршувањето на оваа сезона. Гигантот од „Сан Сиро“ во изминатите 10 години ја носеше опермата „Адидас“.

„Пума и Милан денес најавија долгорочно партнерство кое ги спојува амбициосните брендови во фудбалската индустрија. Ефективно од 1.јули 2018 година Пума ќе биде наш официјален партнер, глобален и технички добавувач и официјален лиценциран партнер“, соопшти клубот од Милано.

„Пума“ е партенр со Арсенал, Борусија Дортмунд, односно фудбалските репрезентации на Италија, Австрија, Швајцарија, Брегот на Слонова коска, Чешка, Гана…

Исто така манекени на на „Пума“ се Гризман, Гвардиола, Агуеро, Фабрегас, Балотели, Ројс, Бељерин, Буфон…

Ниту клубот, ниту компанијата не објавија колку години ќе трае соработката и колку е „тежок“ потпишаниот договор.

Scroll to Top