Фудбалската репрезентација на Хрватска во полу-финалето на Светското првенство против Англија ќе настапи со резервната гарнитура. Во ова гарнитура на дресови Хрватите настапија и на претходните четири натпревари.
Во своите препознатливи дресови, „црвено-белите“ на коцки, Хрватите играа само на првиот натпревар, кога ја совладаа Нигерија со 2:0.
Резервната гарнитура е среќна за хрватска на ова Светско првенство, бидејќи во осмина-финалето и четврт-финалето ги победија своите противници по изведувањето на пенали.
Селекцијата на Англија, во полу-финалето, ќе настапи во својата бела варијанта. Дуелот се игра во среда, од 20 часот.