Top Sport

Хрватите ќе играат на пријателски турнир во Катар

Фудбалската репрезентација на Хрватска, наредниот месец, ќе учествува на турнир во Катар, земја во која ќе се одржи Светското првенство.

На турнирот покрај Хрватска и домаќинот ќе учествуваат и селекциите на Бугарија и Словенија.

Хрватите на 26.март ќе играат против Словенија, а три дена подоцна против Бугарија. Катар на 26.март за противник ќе ја има Бугарија, а три дена подоцна ќе игра против Словенија.

Натпреварите ќе се играат на стадионот во Доха, на кој ќе се играат натпревари на Мундијалот.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21.ноември до 21.декември.

Scroll to Top