Top Sport

Хрватите останаа без важен играч пред клучниот меч на ЕП

Хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ ќе го напушти таборот на репрезентацијата и ќе го пропушти остатокот од Европското првенство во Германија. Фудбалскиот сојуз на Хрватска објави дека Влашиќ го повредил мускулот.

„Влашиќ се повреди на тренингот и во договор и лекарот, донесовме одлука Никола да го напушти репрезентативниот табор бидејќи повредата не му дозволува да конкурира за натпреварите за време на ЕУРО“, се вели во официјалното соопштение на ХНС.

Хрватска на премиерата на ЕП беше убедливо поразена од Шпанија со 3:0, а во следното коло игра против Албанија, веројатно најважниот меч во борбата за место во нокаут фазата.

Scroll to Top