Top Sport

Хрватите открија зошто Далиќ го избришал Врсаљко од репрезентацијата

Шиме Врсаљко еден од најважните фудбалери на Хрватска, во походот на финалето на Светското првенство во Русија, во квалификациите за Катар, не беше во репрезентацијата на последните седум натпревари. Селекторот Златко Далиќ, тивко, го отстрани десниот бек од националниот тим.

Хрватските медиуми ја раскажаа приказната зошто Далиќ донел ваква одлука.

Во текот на ЕУРО 2020, Далиќ се налутил кога Врсаљко му се обратил на „Ти“, за време на ручекот пред дуелот со Шпанија во осмина-финалето.

„Ти не ме стави да играм. Ти го направи тоа…“, му рекол Врсаљко на селекторот незадоволен, што десен бек против Шкотска бил Јурановиќ.

„Откога ние двајца сме на ти?“, одговорил Далиќ, изненаден што прв пат на тој начин му се обраќа Врсаљко.
Потоа на тренингот, Далиќ го повикал Врсаљко на разговор.

„Како можеш така дами зборуваш? Те викав во репрезентацијата и кога не играше во клубот, внимаваме на тебе, секогаш кога имаше проблем те вадевме од игра за да не се повредиш, имаш статус на првотимец и покрај тоа што немаш континуитет уште од Русија…По се што направив за тебе ти ми се обраќаш со таков тон. Видов дека си уморен и го стави Јуриновиќ кој е свеж. Тоа е единствената причина“, му рекол Далиќ на фудбалерот на Атлетико Мадрид.

Врсаљко в кариерата 51 пат настапил за Хрватска.

Scroll to Top