Top Sport

Хрватите со драматична победа над Шпанија, Батшуаи ги „крена“ Белгијците (видео)

Актуелниот светски вице-шампион Хрватска успеа делумно да се одмазди на Шпанија за понижувачкиот 6:0 пораз во Лигата на нации, откако со гол во 93. минута со 3:2 ја сруши „Фуријата“ на преполниот „Максимир“.

Ова е прва победа за „коцкестите“ по Светското првенство во Русија, и доаѓа во вистински момент за тие да го задржат темпото со Англија, која сега има идентичен број на поени со нив. Белгија пак, инспирирана од Мичи Батшуаи со 2:0 го совлада Исланд за да го задржи совршениот скор на „ѓаволите“.

„Коцкестите“ дојдоа во водство во 58. минута по грешката на одбраната на Шпанија, и Иван Перишиќ одлично го пронајде Андреј Крамариќ, и фудбалерот на Хофенхајм без мака го совлада Де Хеа. Само две минути подоцна Шпанија израмни преку Дани Себалјос, но Хрватска пак дојде во водство во 69. минута со голот на Тин Једвај.

Ново израмнување за Шпанија обезбеди капитенот Серхио Рамос од пенал во 78. минута, откако претходно Анте Ребиќ пропушти стоотстотна шанса, меѓутоа драмата остана во финишот на мечот, кога младиот Једвај го постигна својот втор гол за „делириум“ во Загреб.

ЛИГА НА НАЦИИ, 5.КОЛО

ЛИГА А, ГРУПА 2

Белгија – Исланд 2:0

Табела: Белгија 9, Швајцарија 6, Исланд 0

ЛИГА А, ГРУПА 4

Хрватска – Шпанија 3:2

Табела: Шпанија 6, Англија 4, Хрватска 4

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Австрија – Босна и Херцеговина 0:0

Табела: БиХ 10, Австрија 4, С.Ирска 0

ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Грција – Финска 1:0

Унгарија – Естонија 2:0

Табела: Финска 12, Грција 9, Унгарија 7, Естонија 1

ЛИГА Д, ГРУПА 1

Андора – Грузија 1:1

Табела: Грузија 13, Казахстан 6, Летонија 3, Андора 3

ЛИГА Д, ГРУПА 2

Луксембург – Белорусија 0:2

Сан Марино – Молдавија 0:1

Табела: Белорусија 11, Луксембург 9, Молдавија 8, Сан Марино 0

ХРВАТСКА – ШПАНИЈА

БЕЛГИЈА – ИСЛАНД

Scroll to Top