Top Sport

Хрватите заработија 28 милиони долари, Французите десет милиони повеќе

Благодарение на победата на националниот тим, на Светското првенство во Русија, Фудбалската федерација на Франција, заработи 38 милиони долари. Французите, во финалниот меч, ја совладаа Хрватска со 4:2.

foto: epa

Иторискиот пласман во финалето на Хрватите им донесе парична награда од ФИФА, во износ од 28 милиони долари. Хрватските медиуми пренесуваат дека челниците на Фудбалскиот сојуз на Хрватска и фудбалерите се договориле 60 отсто од парите што ќе ги добијат од ФИФА да завршат во Сојузот, а 40 отсто кај играчите и стручниот штаб.

Покрај тоа хрватската Влада од претходно донесе одлука, секоја играч да добие по 70.000 куни (околу 9.500 евра), а селекторот Далиќ да биде награден со 60.000 куни. Останатите членови на стручниот штаб на Далиќ ќе поделат 96.000 куни.

Белгија заврши на третото место на турнирот и заработи 24 милиони долари, додека Англичаните кои беа поразени во борбата за бронзениот медал, на националниот Сојуз му донесоа 22 милиони долари.

Репрезентациите што испаднаа во четврт-финалето заработија по 16 милиони долари, а оние што стигнаа до осмина-финалето по 12 милиони долари.

Селекциите што не ја минаа фазата по групи дома си заминаа со по осум милиони долари.

Наградниот фонд на ФИФА за СП во Русија изнесуваше 400 милиони долари.

Scroll to Top