Top Sport

Ѓоковиќ се врати во Топ 10

Новак Ѓоковиќ по осум месечно „отсуство“ повторно се наоѓа меѓу најдобрите десет тенисери на АТП листата, на чие чело по Вимблдон остана Рафаел Надал.

Титулата на Вимблдон, му донесе на српскиот тенисер 1.640 бода и прогрес од 11 места на АТП листата. Ѓоковиќ на десеттото место има 3.355 бода. Србинот во преостанатиот дел од сезоната, доколку го задржи нивото на кое што беше изминатиот месец, може само да напредува, бидејќи до крајот на сезоната не брани ниту еден поен.

Ѓоковиќ, барем засега најавил дека ќе учествува на пет турнири до крајот на годината: мастерс турнирите во Торонто (6.август) и Синсинати (12.август), гренд слемот во Њујорк (27.август), односно мастерс турнирите во Шангај (7.октомври) и Париз (29.октомври).

Напредок на листата бележи и финалистот на Вимблдон, Кевин Андерсон. Тенисерот од Јужна Африка го бележи најдобриот пласман и се наоѓа на петтото место на АТП листата.

АТП, Топ 10:

1. Рафаел Надал (Шпанија) 9.310
2. Роџер Федерер (Швајцарија) 7.080
3. Александар Зверев (Германија) 5.665
4. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 5.395
5. Кевин Андерсон (Јужна Африка) 4.655
6. Григор Димитров (Бугарија) 4.610
7. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.905
8. Џон Изнер (САД) 3.720
9. Доминик Тим (Австрија) 3.665
10. Новак Ѓоковиќ (Србија) 3.355

Scroll to Top