Top Sport

Хрватска без Гвардиол во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на хрватска ќе биде хендикепирана на завршниот турнир во Лигата на нации. Поради повреда од составот отпадна Јошко Гвардиол. Хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол ќе го пропушти финалето во Лигата на „Гвардиол поради повреда на абдоминалниот ѕид е ослободен од обврските“, соопшти денеска Хрватскиот фудбалски сојуз.

Гвардиол дојде повреден од Лајпциг на репрезентативниот собир, па претходните денови беше на терапија.

Лекарската служба на хрватската репрезентација утврдила дека и покрај напорите и терапијата, дефанзивецот нема да биде подготвен за претстојните натпревари во Лигата на нации.

Хрватска на 14 јуни во Ротердам во полуфиналето од Лигата на нации ќе игра против Холандија, а ден подоцна во второто полуфинале во Еншеде ќе играат Италија и Шпанија.

Финалето е закажано за 18 јуни во Ротердам, а натпреварот за третото место ќе се игра истиот ден во Еншеде.

Scroll to Top