Top Sport

Хрватска одигра нерешено во Азербејџан (Видео)

Хрватска не успеа да победи во Баку, во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Хрватите против Азербејџан одиграа 1-1.

Светските вице-шампиони агресивно влегоа во натпреварот ја притискаа одбраната на домаќините и таквата игра им донесе пенал во 10 минута. Модриќ својот 34 роденден го прослави со гол во дресот на репрезентацијата.

До крајот на првиот дел Хрватите имаа уште неколку шанси за постигнување на гол меѓутоа резултатот остана ист.

Азербејџанците во второто полувреме одиграа многу похрабро, додека Хрватите беа премногу пасивни на теренот. Неколку минути по влегувањето во игра Калилзадех во 72 минута постигна гол за 1-1.

До крајот на мечот имаше неколку добри шанси на двете страни меѓутоа резултатот остана непроменет.

Хрватска во Е-групата е лидер со 10 бода, меѓутоа на првата позиција можат да се искачат Унгарците доколку вечерва ја победи Словачка.

Scroll to Top