Хрватска во Осијек одигра возбудлив дуел со Словачка, кој на крајот заврши со 2:2 откако голот на Никола Влашиќ беше поништен од ВАР-системот во финишот на мечот. Сепак, и овој резултат ги носи „коцкестите“ поблиску до Мундијалот, откако тие сега заостануваат само два поени зад Русија на второто место на табелата во групата Х, откако Русите со 2:1 ја победија на гости Словенија.
Мечот почна лошо за тимот на Златко Далиќ, откако во 20. минута по слободниот удар за Хамшик, Шранц ја смести топката во голот. Само пет минути подоцна, по корнерот на Лука Модриќ, Крамариќ израмнува за Хрватска, за во 45. минута, по фантастичната контра, Хараслин пак ги донесе гостите во водство.
По влегувањето во игра на Ливаја и Брекало во второто полувреме, во 71. минута од мечот, Хрватска израмни со одличниот гол од слободен удар на Лука Модриќ. Само две минути подоцна Хрошовски ќе си постигнеше атрактивен автогол, пред во 83. минута, Влашиќ да ја смести топката во мрежата, но тој беше поништен од ВАР системот.
Драматично беше и во Летонија, каде што на Турците им беше потребен пенал во 99. минута за да стигнат до 2:1 победа. Летонците поведоа во 70. минута со автоголот на Демирал, пред Дурсун во 76. минута да израмни на 1:1, пред драмата во судиското продолжение кое Бурак Јилмаз донесе победа која ги останува во трка за пласман на Мундијалот со Норвешка, која со 2:0 ја победи Црна Гора и Холандија, која со 6:0 го декласираше Гибралтар.
СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Е
Белорусија – Чешка 0:2
Естонија – Велс 0:1
ГРУПА Г
Летонија – Турција 1:2
Холандија – Гибралтар 6:0
Норвешка – Црна Гора 2:0
ГРУПА Х
Кипар – Малта 2:2
Хрватска – Словачка 2:2
Словенија – Русија 1:2