Top Sport

Хрватска во „групата на смртта“, тешка група и за Србија

Вечерва во Хамбург беа извлечени групите за Европското првенство во Гермнанија. На ждрепката учествуваа 21 репрезентација, последните три ќе бидат познати во март 2024 година. Извлечени се шест групи со по четири селекции.

Две групи ќе привлечат особено внимание. Б групата во која покрај бранителот на титулата Италија се Шпанија, Хрватска и Албанија и Ц групата во која се две балканси селекции Србија и Словенија, односно Данска и Англија.

Групи за ЕУРО 2024:

Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија

Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија

Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија

Група Д: Победник во плеј-офот 1, Холандија, Австрија, Франција

Група Е: Белгија, Словачка, Романија, победник од плеј-офот 2

Група Ф: Турција, Португалија, Чешка, победник на плејофот 3

Евфопското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 на 10 стадиони во Германија.

Scroll to Top