Top Sport

Хрватската полиција објави снимки од инцидентот, 43 уапсени навивачи, 35 повредени

Неколку стотини навивачи од колоната која се движела од Загреб кон Сплит ненадејно почнале да ги напаѓаат полицајците кои биле во близина. Користеле разни предмети, а фрлиле и факел во близина на бензинска станица, информираше денеска хрватската полиција за случувањата синоќа на автопатот каде навивачите на Хајдук се судрија со полицијата.

Полицајците морале да користат огнено оружје, повредени се двајца навивачи. Сместени се во сплитската болница. Од таму информираат дека повредените се помлади од 20 години.

Вкупниот биланс од инцидентот е 43 уапсени навивачи, 35 повредени лица, 15 навивачи и 20 полицајци.

Scroll to Top