Top Sport

ПСЖ „удри“ и по Барселона: Дембеле на пат кон Париз

ПСЖ вчера објави дека Килијан Мбапе останува уште три години во Париз и ја доби битката со Реал Мадрид за 23-годишниот француски напаѓач, а веќе денеска тргна и во „дуел“ со Барселона.

Раководството на ПСЖ се насочува кон Осман Дембеле, францускиот репрезентативец кој летово ќе биде слободен агент и без обештетување може да ја напушти Барселона.

Французите тврдат дека Дембеле има устмен договор со ПСЖ од јануари и дека ситуацијата не е променета. Тој треба да пристигне на „Паркот на принцовите“.

Барселона сака да го задржи 25-годишниот Дембеле, но не може да се натпреварува со понудата на ПСЖ. Дембеле е во одлични односи со Мбапе и му се допаѓа опцијата двајцата заедно да ја бркаат европската титула во Париз. Наводно, доведувањето на Дембеле било еден од условите на Мбапе да остане во ПСЖ.

Scroll to Top