Top Sport

Ваков гол ретко се гледа во ватерполото (Видео)

Јадран од Сплит убедливо го порази Партизан 18:6, во последното коло во регионалната ватерполо лига, а натпреварот го обележа брилијантниот потег на ватерполистот на белградскиот клуб, Давид Кикиашвили.

Дуелот во Сплит не беше важен за двата тима, бидејќи Јадран од четвртта позиција ќе оди на завршниот турнир, а Партизан ги заврши дуелите во регионалната сезона.

Она што ќе се памети од овој натпревар е голот на Кикаишвили, гол што ретко се гледа во ватерполото.

Scroll to Top