Момент за историја се случи по одигрувањето на последното, 34.коло, во германската Бундеслига. ХСВ, клуб основан во 1919 година и европски шампион од 1981 година, прв пат во својата историја се сели во понизок ранг.
На ХСВ му беше потребно неверојатно сценарио, да слави над Менхенгладбах, а во исто време Волфсбург да биде поразен од Келн.
Мечот во Хамбург не заврши, бидејќи домашните навивачи во последната минута започнаа да фрлаат пиротехника на теренот, поради што мечот беше прекинат.
До тој момент ХСВ имаше предност 2:1 со головите на Хант и Холтби. Победа забележа и Волфсбург прптив Келн. „Волците“ славеа 4.1 со головите на Ѓилавоѓи, Ориги, Коне и Брекало и го освоија 17.место.
Волфсбург ќе игра бараж за опстанок во Бундеслигата против третопласираниот тим во втората лига, Кил.
Последното коло решаваше и за тоа кои екипи покрај Баерн и Шалке ќе играат во Лигата на шампионите.
Хофенхајм ја победи Борусија Дортмунд 3:1. Крамариќ, Салаи и Кадерабек погодија за Хофенхајм, а единствениот гол за Дортмунд го постигна Ројс.
Баер Леверкузен славеше над Хановер 3.2 и сезоната ја заврши со 55 бода, исто колку што освоија Хофенхајм и Дортмунд.
Поради подобрата гол разлика во Лигата на шампионите наредната сезона ќе играат Хофенхајм и Борусија Дортмунд, а Леверкузен ќе игра во Лига Европа. Во квалификациите за Лига Европа се пласира Лајпциг.
Шампионот Баерн сезоната ја заврши со убедлив пораз од Штутгарт. „Швабите“ во Минхен победи 1:4.