Top Sport

Хуан Мата ќе игра во Австралија

Хуан Мата на залезот на кариерата реши да замине во Австралија. Шпанецот потпиша едногодишен договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс како слободен играч бидејќи е без клуб од јануари 2024 година кога се раздели со Висел Коби.

„Многу сум возбуден што доаѓам во единствениот австралиски клуб што ја освои азиската Лига на шампиони. Со нерпение ги чекам подготовките за новата сезона“, рече Мата.

Мата од Валенсија се пресели во Челси во 2011 година, три години подоцна како освојувач на Лигата на шампионите замина во Манчестер јунајтед, а по шест сезони на „Олд Трафорд“ семпресели во Галатсарај.

Scroll to Top