Top Sport

Хуан Мата ќе добие понуда да стане тренер

Шпанскиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, ќе добие понуда да биде дел од стручниот штаб на „црвените ѓаволи“ за следната сезона. Ова доколку играчот од средниот ред одлучи да ја заврши кариерата на крајот од сезоната, кога му истекува договорот со клубот.

Се уште постои одредена можност договорот да му биде продолжен за уште 12 месеци, доколку одлучи да продолжи со активната кариера.

За Мата имаше интерес од неколку шпански клубови, но неговата голема неделна плата од 170.000 фунти ги откажа речиси сите страни. Фудбалерот веќе ги започна задолжителните курсеви за тренерска лиценца во УЕФА и има намера да продолжи во фудбалот како тренер.

Scroll to Top