Top Sport

Хуанфран: Нејмар провоцира, затоа толку го фаулираат

Поранешниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Хуанфран, кој сега игра во бразилскиот клуб Сао Пауло објаснува како е да се игра против Нејмар, Бразилецот со кого имаше повеќе дуели во својата кариера.

Додека го носеше дресот на „рохибланкос“, во 2015 година тој имаше славен дуел со Нејмар кога му покажува „седумка“ со прстите, потсетувајќи го на 7:1 поразот на Бразил од Германија на Светското првенство во 2014 година. Сега, тој вели дека нема непријателски чувства кон него.

„Работите остануваат на теренот и нема проблем со тоа. Тешко е да се соочиш со Нејмар на теренот. Сега е уште подобар, а кога играше против мене беше помлад. Денес е позрел играч. Тешко беше да се игра, бидејќи покрај тоа што е фантастичен играч, ги провоцира дефанзивците кои го чуваат. Затоа толку го фаулираат“, вели Хуанфран.

Scroll to Top