Поранешниот репрезентативец на Португалија Хуго Алмеида објави крај на кариерата. Напаѓачот се пензионираше во дресот на второлигашот Академика Коимбра.
„Дојде денот кој ние фудбалерите не сакаме никогаш да дојде. Одлуката ја донесов во разговор со челниците на Академика. решив да и се посветам на тренерската кариера. Веднаш ќе започнам да работам со младинските категории. Сакам да им се заблагодарам на сите тимови во кои играв, на луѓето што ме поддржуваа, пријателите што ги стекнав играјќи фудбал и секако на моето семејство“, напишал на „Инстаграм“ 35 годишниот Алмеида.
Хуго Алмедида во кариерата играл за Порто, Леирија, Боавишта, Вердер Бремен, Бешикаш, Чезена, Кубан, Анжи, Хановер, Хајдук Сплит, АЕК.
За репрезентацијата на Португалија одиграл 57 натпревари на кои постигнал 19 гола.