Top Sport

Хуго Ларсон, шведски рекордер

Шведскиот вундеркинд, Хуго Ларсон, кариерата ќе ја продолжи во Ајнтрахт Франкфурт. Ова е најголем трансфер на еден фудбалер од шведската лига.

Ларсон играч на Малме решил да се пресели во Ајнтрахт, одбивајќи ја понудата на Атлетико Мадрид. Клубот од Франкфурт понудил 11.500.000 евра, понудата на Атлетико била поголема, се шпекулира за сума од 15.000.000 евра, но фудбалерот пресметал дека преселбата во Мадрид би бил многу крупен чекор во оваа фаза од неговата кариера.

Трансферот на Ларсон е рекорден во шведскиот фудбал. Зад себе ги остави Александер Исак, кој во 2017 година за 8.600.000 евра од АИК се пресели во Борусија Дортмунд и , трансферот на Златан Ибрахимовиќ од Малме во Ајакс во 2001 година, за што клубот од Амстердам плати 7.800.000 евра.

Scroll to Top