Top Sport

Хулигани дивееа во Сент Етиен, Хаг и Букурешт

Неделата беше ден на борба за опстанок во неколку европски лиги, а ја одбележа дивјаштвото на хулиганите на поразените екипи.

Во центарот на вниманието беше борбата за опстанок во француската Лига 1, од која отпадна поранешниот европски првак Сент Етјен.

Подобри по изведувањето на пенали беа фудбалерите на второлигашот Оксер, по што хаос на теренот направија домашните навивачи кои со факели ги бркаа играчите на својот тим.

Судбината на поранешниот француски фудбалски гигант е неизвесна поради неговата елиминација во Лига 2, бидејќи Сент Етјен долги години има финансиски проблеми.

Хаотично беше и по улиците на Хаг, откако домашниот тим Ден Хаг беше поразен од Ексцелзиор од Ротердам, во баражот за пласман во холандската Ередивизија.

Неколку стотици хулигани од Хаг дивееле по улиците, па полицијата морала да употреби сила.

Навивачите тешко го прифатија катастрофален пораз на домашен терен на пенали, откако нивниот тим имаше предност од 3:0 на почетокот на вториот дел.

Драматично беше и во Букурешт откако локалниот Динамо првпат во клупската историја испадна од првата лига.

Беше потребна масовна акција на жандармеријата за да се спасат играчите на Динамо од линч на навивачите.

„Резултат на 15 години лудило, грешки и неспособност“, коментираше романскиот новинар Емануел Роше за испаѓањето на Динамо.

 

Scroll to Top