Top Sport

Хулигани во Атина ги нападнале навивачите на БиХ

Хулигани, припадници на навивачката група на АЕК, вооружени со пиштоли и бејзбол палки, доцна синоќа во Атина нападнале навивачи на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Инцидентот што траел неколку минути за среќа минал без посериозни последици се случил по завршувањето на квалификацискиот натпревар помеѓу Грција и БиХ (2:1) на терасата на еден хотел во Атина.

Според порталот „sportsport.ba“ седум-осум навивачи на БиХ седеле на терасата кога се појавиле 40 хулигани вооружени „до заби“.

„Грците не построија и потоа започнаа да не испрашуваат: Дали сте од Босна? Дали сте фашисти? Откако негативно одговоривме на второто прашање ни рекоа да ги соблечеме маиците, проверуваа дали имаме тетоважи. при тоа викаа и удираа во подот со палките. Еден од нас доби удар во главата. Тоа траеше неколку минути, но нас ни изгледаше како да трае неколку часа. Тогаш од толпата излезе еден лик од 40 или 50 години кој ни кажа дека се ќе биде во ред и тогаш не пуштија“, раскажал за порталот еден од навивачите.

Грчките хулигани се повлекле откако како трофеи земале неколку шалови од босанските навивачи.

Scroll to Top