Top Sport

На денешен ден Меси дебитирал за Барселона (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Лионел Меси (32) на денешен ден пред 15 години дебитираше на официјален натпревар за сениорскиот тим на Барселона.

За многумина 16 октомври претставува почеток на една нова ера во историјата на Барселона.

Точно пред 15 години Барселона и Еспањол го играа градското дерби, а во 82 минута Меси со бројот 30 на грбот влезе на теренот на местото на Деко.

Досега во кариерата Меси само во Ла Лига има одиграно 455 натпревар за Барселона на кои постигнал 420 гола.

Scroll to Top