Top Sport

Хулиганите на Атлетико со порака до „стаорецот“ Гризман

Антоан Гризман по пет години реши да го напушти Атлетико Мадрид. Одлуката на фудбалерот што постигна 133 гола за клубот, очекувано не мина најдобро кај фановите на Атлетико, особено кај оние најжестоките.

Најжестоките, собрани околу навивачката група „Frente Atletico“, пред саботниот меч на Атлетико во Валенсија, кај Леванте, испратиле јасна порака до францускиот напаѓач.

Откако Гризман им кажа збогум на навивачите со пораката „тука минав пет неверојатни години, ви благодарам, ќе останете во моето срце“, хулиганите преку „Твитер“ му одговорија и му испратија порака на тренерот Диего Симеоне.

„Се надеваме дека повеќе нема да одигра ниту една минута во дресот на Атлетико Мадрид“, а во продолжението на пораката го означиле тренерот Симеоне и поставиле симбол на глушец.

Пораката за тренерот е јасна, тие не сакаат да го видат Гризман на теренот.

Инаку зад името на оваа група стојат хулиганите на Атлетико, на кои до пред извесно време им бил забранет влез на стадионот. Членовите на оваа група пред пет години убија навивач на Депортиво Ла Коруња. Во близина на стариот стадион на Атлетико „Винсенте Калдерон“ откако го претепале навивачот го фрлиле во реката Манзанарес.

Scroll to Top