Top Sport

Бен Симонс ќе игра за Австралија на СП

Еден од најталентираните играчи во НБА лигата, кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, објави дека ќе игра за репрезентацијата на Австралија на Светското првенство во Кина.

Симонс им се заблагодарил на навивачите во Филаделфија за големата поддршка низ сезоната. Филаделфија во плеј-офот беа елиминирани од Торонто Репторс.

22 годишниот Симонс ќе биде големо засилување за Австралија на СП. Инаку „кенгурите“ се наоѓаат во најтешката група на СП, за противници ги имаат Канада, Литванија и Сенегал.

Австралија има талентиран тим во кој доминираат играчи од НБА лигата: Метју Делаведова, Пети Милс, Данте Ексум, Џо Инглс, Џона Болден, Ерон Бејнс, Ендру Богут…

Светското првенство во Кина ќе се одржува од 31 август од 15 септември.

Scroll to Top