Top Sport

Хулиганите на Бриж претепале 63-годишен навивач на Сити – лекарите се борат за неговиот живот

Манчестер сити, синоќа, го прегази Клуб Бриж со 5.1 во Лигата на шампионите. По натпреварот, хулиганите на белгискиот шампион предизвикале тежок инцидент. Еден навивач завршил во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Хулиганите го претепале 63-годишниот Гвидо, кој не член на белгискиот огранок на навивачката група на Манчестер сити, „Blue Moon Belgium“.

Членовите на оваа навивачка група се собираат и заедно ги следат натпреварите на Манчестер сити. Синоќешниот натпревар го следеле од трибините на стадионот во Бриж.

Синот на Гвидо, за белгиските медиуми, раскажал дека неговиот татко бил нападнат на паркингот. Еден навивач му го одземал шалот, а кога тој побарал да му го врати, напаѓачот започнал да го дави. Веднаш му се приклучиле и други хулигани кои започнале да го удираат несреќниот човек по главата. Откако тој паднал на асфалтот тие си заминал.
Гвидо бил префрлен во болница каде лекарите се боратз а неговиот живот.

Scroll to Top