Top Sport

Хулијан Алварез е „резервата“ на Реал ако не го добијат Мбапе

Реал Мадрид се подготвуваат за обид да го добијат талентот на Манчестер сити, Хулијан Алварез, откако и ова лето останаа без својата прва цел, Килијан Мбапе.

Се верува дека Мбапе ќе потпише договор со Реал следната година по истекот на неговиот договор со Пари Сен-Жермен, но последните информации велат дека Французинот ќе биде убеден да потпише нов договор, со кој ќе може да замине во 2024, но само со одредена отштета за неговиот клуб.

Според „Фичајес“, Флорентино Перез и Реал подготвуваат и „резерва“, на првото место на листата е одличниот Аргентинец од Сити, Хулијан Алварез. 23-годишниот Алварез оваа сезона е постојан стартер во тимот на Пеп Гвардиола и во четири меча во Премиерлигата има 2 гола и една асистенција.

Scroll to Top