Top Sport

(Видео) Шаќири: Беше чест да се игра на стадионот „Фадиљ Вокри“

Швајцарија вчера неочекувано загуби бодови во борбата за пласман на Европското првенство во 2024 година, одигрувајќи само 2:2 со Косово во Приштина, по што на удар на критиките во швајцарската јавност беше однесувањето на еден од најдолговечните репрезентативци, Џердан Шаќири. И тоа не поради фудбалот.

При интонирањето на химните, поранешната ѕвезда на Ливерпул, ја стави раката на срцето за време на изведувањето на косовската химна, што е разбирливо, бидејќи тој е роден на Косово, поточно во Гњилане, пред со неговото семејство да емигрираат во Швајцарија. Тој не сакаше да се правда.

„Беше чест да се игра тука на ‘Фадиљ Вокри’. Имам добри односи со поранешниот претседател на косовската федерација и бидејќи сум роден на Косово, тоа беше и моја химна. Чест ми е да играм на стадионот именуван по една легенда“, изјави Шаќири по мечот.

Scroll to Top