Top Sport

Хулијан Алварез во Манчестер сити

Манчестер сити ги завршиле сите формалности околу трансферот на Хулијан Алварез од Ривер плејт. Трансфер-инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, тврди дека наскоро оваа информација ќе биде официјално објавена.

Алварез, го одбрал Манчестер сити во конкуренција на Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Милан и Фиорентина.

Напаѓачот ќе потпише со Сити пет годишен договор и ќе го остави во Ривер плејт на позајмица до крајот на сезоната. За овој трансфер „граѓаните“ ќе издвојат 18.500.000 евра.

Алварез има 21 година, во досегашната кариера има одиграно 96 натпревари, на кои постигнал 36 голови.

Минатата сезона, во која Ривер ја освоија титулата во Аргентина, Алварез, постигна 24 гола.

 

Scroll to Top