Top Sport

Хуманитарна акција на „Спорт лајф“ – Навиваме заедно за Македонија

„Спорт лајф“ ги повикува сите играчи да се вклучат во хуманитарната акција – „Навиваме заедно за Македонија“, за поддршка на изградбата на центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид.

За секој уплатен тикет во периодот на eвропското фудбалско првенство, на кој што ќе биде одиграна и македонската репрезентација, 10 отсто од целокупната уплата ќе бидат пренаменети за донацијата за центарот за деца со аутизам во Охрид.

Aктуелното Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 го привлече вниманието на целата јавност. Нашата репрезентација ќе настапи како една од 24-те најдобри национални фудбалски екипи во Европа. Возбудата е голема, а надежта уште поголема за што повисок пласман и победа на нашиот тим. Оттука, очекуваме голем број на тикети и типувања кои ќе придонесат истовремено и за постигнување на што поголема донација за подобрување на условите за грижа и третман на децата со посебни потреби.

Акцијата ќе трае од 11-ти до 21-ви јуни, односно ќе ги опфати натпреварите, во кои ќе игра нашата репрезентација во првата групна фаза на првенството. Резултатите од акцијата ќе се следат преку броило поставено на веб страницата на „Спорт лајф“ , така по одигрувањето на секој натпревар на нашата екипа, ќе се ажурира износот на остварените средства за донацијата.

За подобар живот и унапредување на условите за третман на лицата со аутизам секоја поддршка е вредна, затоа да навиваме заедно, да ги поддржиме настапите на нашите фудбалери на ЕУРО 2020 и вклучувајќи ги на својот тикет да обезбедиме што повеќе средства за потребите на центарот за деца со аутизам во Охрид.

Watch anime online for free at WCOStream wcostream hunter x hunter. Watch You're Being Summoned, Azazel Episode 13

Watch anime online for free at AnimeBee anime stream. Fullmetal Alchemist Episode 51

https://animeheaven.pro weathering with you animeheaven. Watch Haha wo Tazunete Sanzenri Episode 52

KissAnime Band: https://band.us/band/84366909

Scroll to Top