Top Sport

Хумелс е искрен: Сане не може уште да се мери со Милер или Озил

Едно од најголемите изненадувања во составот на светскиот шампион Германија пред Мундијалот е изземањето на ѕвездата на Манчестер сити Лирој Сане, меѓутоа втеранот Матс Хумелс вели дека вистината е дека тој уште не може да се мери со играчи како Томас Милер и Месут Озил.

Сане ја имаше најдобрата година во својата кариера, постигнувајќи 10 голови и асистирајќи на уште 15 за да помогне Сити да стигне до титулата од Премиер лигата, и беше прогласен за најдобар млад играч во ПЛ. Ова не беше доволно да се најде во избраните 23 на селекторот Јоаким Лев.

Дефанзивецот на Баерн, Хумелс вели дека изборот на Лев е „логичен“, инсистирајќи дека Сане уште не е толку важен на тимот како Милер и Озил, по што ја критикуваше новата генерација на германски фудбалери.

„Лирој Сане нема ист статус како Томас Милер или Месут Озил. Понекогаш е потребно време да добиеш ист статус во репрезентацијата како во својот клуб. Момците кои доаѓаат преку младите школи се поинакви од пред 10-тина години. Тоа е новата генерација со поинакво однесување, посебно преку социјалните мрежи. Јас секогаш бев најмлад во тимот и ги ноев головите. Тоа е нормално. Сега 18-годишникот не сака да го направи тоа. Зборував и со момците од вториот тим на Баерн, Штефан Фирстер и Михаел Рензинг, и тоа го познавам и кај нив“, вели Хумелс.

Scroll to Top