Top Sport

Дел Потро е следниот кој ќе го предизвика Надал

Хуан Мартин дел Потро постави супер-дуел со Рафаел Надал во полуфиналето на Ролан Гарос, откако успеа да го мине Марин Чилиќ, откако Шпанецот претходно ја заврши работата со диего Шварцман.

Дуелот меѓу Дел Потро и Чилиќ беше прекинат во средата во тај-брејкот во првиот сет, по што денеска популарниот Аргентинец со 7:6(5)/5:7/6:3/7:5 по нешто помалку од четири часа го елиминираше поранешниот шампион од САД опен.

Аргентинецот повторно изненади со својата борбеност, откако пред турнирот се мачеше со повреда на ногата, а сега ќе скокне барем до четвртото место на АТП листата во понеделник.

За Надал пак, тој ќе биде втор аргентински противник во низа, откако со 4:6/6:3/6:2/6:2 го совлада храбриот Диего Шварцман, кој претходно му го одзеде првиот сет  на овогодишниот гренд слем. Шпанецот почна подобро да сервира и Шварцман немаше одговор на неговата игра.

Во второто полуфинале во Париз утре играат седмиот носител Доминик Тим и италијанското изненадување Марко Чекинато, кој успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ во Париз.

Фото: ЕПА

Scroll to Top