Германскиот дефанзивец Матс Хумелс искрено зборуваше за разочарувачкото испаѓање на актуелните светски шампиони со два порази (од Мексико и Кореја) и една победа (над Шведска) во Русија.
„Ова е многу горчлива вечер за сите нас и за сите германски навивачи. Ситуацијата не може да се опише со зборови. Не дадовме гол иако имавме многу шанси. Како јас во 86. минута, тоа не смеев да го утнам. Верувавме до крај, се обидувавме да нападнеме, но топката не не сакаше. Го скршивме вратот таму, но залудно. Дојдовме во оваа ситуација поради поразот од Мексико. Последниот добар меч кој го имавме беше есента 2017“, вели Хумелс.