Top Sport

И официјално, Милан е исклучен од европските натпреварувања

Милан е исклучен од Лигата на Европа оваа сезона поради прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП), објави УЕФА во една од најстрогите казни доделени поради овие причини.

Казната е доделена откако УЕФА ја отфрли понудата на Милан за договор, инсистирајќи дека финансиската стабилност на седумкратниот европски шампион е неодржлива.

„Милан е исклучен од натпреварувањето на следното клупско натпреварување од УЕФА во кое ќе се квалификува во следните две сезони, едно натпреварување на 2018/19, и едно за 2019/20 ако се квалификуваат“, се вели во соопштението на УЕФА.

Милан се квалификуваа за групната фаза во Лигата на Европа, но сега нивното место ќе го преземе Аталанта од прелиминарната фаза.

Теоретски Милан ќе можат да бидат во Европа во 2019/20 ако се квалификуваат, но ова зависи од средувањето на финансиите на клубот. По неуспехот за продажба на клубот на американскиот милијардер Роко Комисо ова е уште еден удар за „росонерите“, кои очигледно имаат многу неизвесна иднина.

Фото: ЕПА

Милан останува „заложник“ на кинеските сопственици

Scroll to Top