Top Sport

Хумелс: Последниот добар меч ни беше есента 2017

Германскиот дефанзивец Матс Хумелс искрено зборуваше за разочарувачкото испаѓање на актуелните светски шампиони со два порази (од Мексико и Кореја) и една победа (над Шведска) во Русија.

„Ова е многу горчлива вечер за сите нас и за сите германски навивачи. Ситуацијата не може да се опише со зборови. Не дадовме гол иако имавме многу шанси. Како јас во 86. минута, тоа не смеев да го утнам. Верувавме до крај, се обидувавме да нападнеме, но топката не не сакаше. Го скршивме вратот таму, но  залудно. Дојдовме во оваа ситуација поради поразот од Мексико. Последниот добар меч кој го имавме беше есента 2017“, вели Хумелс.

Scroll to Top