Top Sport

Хумелс се налути: Па, зошто не ја почитувате репрезентацијата

Високиот пораз од 3:0 во дербито со Холандија ги „зовре“ страстите во вообичаено мирната германска јавност по уште едно фијаско на националниот тим. Дефанзивецот на Баерн, Матс Хумелс смета дека медиумите и навивачите не ги почитуваат освојувачите на светската титула од 2014 година.

И покрај лошите резултати, Хумелс верува дека германската игра не е толку лоша како што сметаат критичарите и бара разбирање од навивачите.

„Тие во моментов напаѓаат насекаде и тоа покажува непочитување на репрезентацијата. Непочитување на напорот кој го даваат фудбалерите. Не, ние не живееме во минатото и вистина е дека уште имаме силен тим. Не третираат како да сме аматери. Ќе мораме да живееме со тоа, бидејќи така е со навивачите и медиумите. Се работи за мешавина на несреќа и на неуспех да се искористат шансите. Не одигравме лош натпревар по Мундијалот, но немаме добри резултати. Големата слика не е толку лоша како што се прави привид“, изјави лутиот Хумелс за „Спорт1“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top