Top Sport

Семејството Меси се „крена“ против Марадона

Семејството на Лионел Меси врати на коментарите на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона околу лидерските способности и изјавата дека „не може да биде лидер некој кој оди 20 пати во тоалет пред мечот“.

Марадона исто така посочи дека не би го викнал 31-годишниот ас на Барселона во репрезентацијата доколку тој би бил селектор.

Братучедот на Меси, Макси Бјануки го нарече Марадона, кој честопати имаше проблеми со алкохолот и дрогата „неук“ да дава вакви коментари. 34-годишниот Бјануки, инаку фудбалер во парагвајскиот клуб Рубио Ну беше лут.

„Навистина е неуко да го критикуваш и диксредитираш Лео. Тажно е кога некој се фали дека е лидер да зборува такви работи за фудбалер кој во моментов е најдобриот во Аргентина и најверојатно ќе остане така“, вели Бјануки.

Коментарите во Аргентина беа малку поинакви, посебно бидејќи Меси никогаш нема играно клупски фудбал во оваа земја и честопати беше критикуван дека повеќе ја сака Каталонија отколку Аргентина.

57-годишниот Марадона, кој во моментов е теренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, во интервјуто порача дека треба да се престане да се зборува за Меси како да е Бог. Односите меѓу Марадона и Меси се нарушија уште во јуни 2006 година, кога Марадона беше „фатен“ како на бразилската легенда Пеле му кажува дека Меси нема доволно карактер да биде лидер на репрезентацијата.

Марадона удри по Меси: Некој што оди 20 пати во тоалет пред натпревар не е лидер

 

Scroll to Top