Top Sport

Хунтелар нема емоции кон Реал: Таму или им требаш или не

Ветеранот на Ајакс, Клас-Јан Хунтелар вели дека има пријатни спомени од „Сантијаго Бернабеу“, но дека нема вистинска поврзаност со шпанскиот великан поради големиот број на промени и фудбалери таму.

Хунтелар помина половина од сезоната 2008/09 во Мадрид по трансферот од Ајакс, пред да замине во Милан и сега, пред дуелот од Лигата на шампионите во среда, 35-годишниот ветеран зборуваше за своето искуство во Шпанија.

„Реал е прекрасен клуб. Играв таму пред 10 години и поминав мал дел од кариерата. Дали имам чувства? Повеќе само спомени. Бернабеу е фантастичен стадион, можеби најдобар на кој сум играл, а луѓето седат толку блиску до теренот што можеш да ги почувствуваш нивните очи како ти го ’горат’ грбот. Но, кога јас бев таму, клубот не беше ’кралски’. Во одреден момент сите мораа да си заминат, вклучувајќи го тренерот, техничкиот директор и претседателот. Таму не се грижат за милион помалку или повеќе“, вели Хунтелар.

Фото: ЕПА

Scroll to Top