Top Sport

Има некој што го сака повеќе Оле од навивачите на Манчестер јунајтед

Норвешкиот таблоид „Верденс ганг“ има фантастична насловна страница, која сигурно ќе им се допадне и на навивачите на Манчестер јунајтед.

Прославувајќи ги 53-те дена кои што Оле Гунар Солксјер е на клупата на Манчестер јунајтед, весникот постави дури 53 фотографии на насмеаниот Норвежанец пред денешниот дуел од Лигата на шампионите со Пари Сен-Жермен.

Да потсетиме, Солксјер беше прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата во јануари, како прв менаџер на Јунајтед о Сер Алекс Фергусон и го искачи клубот на четвртото место на табелата.

Scroll to Top