Top Sport

Хурихејн ја предводеше Астон вила до прва победа по 10 меча над Њукасл (видео)

Астон вила стигна до својата прва лигашка победа над Њукасл по пауза од 10 меча, откако со два гола за само пет минути во првото полувреме го реши победникот на „Вила парк“ во последниот дуел од 13. коло во Премиер лигата.

Инспиратор за победата беше Ирецот Конор Хурихејн, кој прво во 32. минута постигна одличен гол од слободен удар за четири минути подоцна по неговиот слободен удар Анвар Ел-Гази ја уфрли топката во голот на Дубравка за конечните 2:0.

Со победата, Вила ја прекинува лошата низа од три порази едноподруго и скокнува на 15. место на табелата со 14 поени, еден помалку од 14-пласираниот Њукасл, но и четири поени над зоната за испаѓање.

Scroll to Top