Top Sport

Стураро даде гол во првиот меч по 7 месеци, СПАЛ и Џенова со реми (видео)

СПАЛ и Џенова одиграа 1:1 во последниот меч од 13. коло во Серија А, резултат кој ги остава двете екипи во зоната за испаѓање. Горан Пандев доби шанса од тренерот Тијаго Мота и влезе во игра во 62. минута, кога конечниот резултат веќе беше поставен.

Андре Петања во 55. минута со гол од пенал донесе водство за домаќините, кое беше неутрализирано само две минути подоцна кога за Џенова стрелаше Стефано Струраро, кој стрелаше во својот прв меч по 7 месеци по сериозната повреда на коленото.

По 13 кола, Џенова е на 18. место на табелата со 10 поени, еден помалку од Лече на 17. место и еден пред СПАЛ на 19. место.

Scroll to Top