Top Sport

И Арсен Венгер разочаран од формата на Озил

Поранешниот тренер на Месут Озил од Арсенал, Арсен Венгер вели дека германскиот репрезентативец играл со „крената рачна“ и дека тоа не бил „вистинското момче кое јас го познавам, тој со убиствен инстинкт“.

Озил, кој во последните седум години пет пати ја добиваше наградата за најдобар германски фудбалер, беше на удар на критичарите по фијаското на Германија на Мундијалот, што поради неговата слаба форма и незаинтересираност на теренот, но и поради одлуката да се фотографира со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Венгер, кој работеше со Озил пет сезони во Арсенал, пред да замине од клубот ова лето, беше разочаран.

„Кога го гледав како игра, чувствував дека има ситуации во натпреварот во кои можеше да тргне напред, да игра подобро, но тој играше на сигурно. Јас си помислив: ’Ајде, ова не е вистинскиот Озил кој јас го знам, момчето што може да убие напред’. Играше солидно, но не со комплетна слобода. Како да играше со крената рачна“, вели Венгер.

Околу ситуацијата со Озил и Илкај Гундоган, двајцата со турско потекло, по фотографијата со Ердоган, Венгер вели дека тоа морало да има влијание.

„Тој и Гундоган доживеаја нешто што не се случило досега, бидејќи беа исплукани во Германија. А, Озил е фудбалер кому му е потребна поддршка, а не контроверзи“, додава Венгер.

Фото: ЕПА

Таткото на Озил со јасна порака: Да бев Месут, немаше веќе да играм за Германија

Scroll to Top