Top Sport

И без публика „жестоко“ на „Велодром“ – Марсеј го доби дуелот со Спортинг

Олимпик Марсеј под Игор Тудор ја забележа првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако со 4:1 го совладаа тимот на Спортинг Лисабон пред празни трибини на „Велодром“ во меч кој започна со одложување поради многу секојдневен проблем – гостинскиот автобус заглави во гужва.

Тудор беше бесен на судиите и на официјалните лица, сметајќи дека португалскиот тим го прави тоа намерно, а бесот му се зголеми кога уште во првата минута гостите дојдоа во водство преку Тринкао.  Сепак, ОМ бргу реагираше – Алексис Санчез израмни во 12. минута, а Амине Харит само три минути подоцна ги донесе во водство од 2:1. Шансите на Спортинг за камбек се намалија откако Адан доби црвен картон во 23. минута, а Леонардо Балерди во 28. минута  зголеми на 3:1 за потврда на триумфот. Шансел Мбемба во 84. минута го постигна и четвртиот гол за точка на мечот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА Д
Олимпик Марсеј – Спортинг Лисабон 4:1
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 21.00 ч.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top