Top Sport

И без Роналдо, Реал со лесни три бода од Канарските Острови (видео)

Кристијано Роналдо одмараше, но Реал Мадрид стигна до рутинска 3:0 гостинска победа над Лас Палмас благодарение на двајца многу критикувани фудбалери – Герет Бејл и Карим Бензема, но и со два гола од белата точка.

Велшанецот Бејл, околу чија иднина се сврзаа многу шпекулации за време на интернационалната сезона, прво во 26. минута донесе предност по асистенција на Лука Модриќ, а Бензема 13 минути подоцна беше прецизен од белата точка. Бејл го постигна својот втор гол од пенал во 56. минута.

Со четвртата победа во низа, Реал Мадрид останува на третото место во Ла лига со 63 поени, 15 помалку од Барселона, која вечерва гостува на Севилја. Лас Палмас остануваат во зоната за испаѓање на 18. место со 21 поен, седум помалку од 17-пласираниот Леванте.

Фото: ЕПА

Scroll to Top