Top Sport

А требаше да биде дерби! Баерн со лекција за Дортмунд (видео)

Баерн Минхен нема овој викенд да ја одбрани титулата од Бундеслигата. Откако Шалке победи со 2:0, таков развој на настаните стана невозможен пред големото дерби против Борусија Дортмунд, но тоа не им пречеше на Баварците со шест гола во мрежата во големото германско дерби.

Шок-терапијата на Баерн беше ограничена на првото полувреме со фуриозен старт на мечот. Роберт Левандовски уште во петтата минута ги „начна“ БВБ, Хамес Родригез веќе во 14. минута зголеми на 2:0, а Томас Милер капитенски во 23. минута направи кам-бекот на Борусија да не биде возможен.

Како што го почнаа полувремето, така и го завршија – Левандовски во 44. минута зголеми на 4:0, пред Франк Рибери да обезбеди „петарда“ за „милионерите“. Левандовски го комплетираше хет-трикот во 87. минута во недела во која многу се шпекулираше за неговата иднина на „Алијанц арената“.

Со победата, Баерн има 69 поени, 17 повеќе од второпласираните Шалке, додека Борусија останува на третото место со 48 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top