Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард потврди дека е многу блиску до продолжување на договорот со Глазгов Ренџерс и покрај тоа што не успеа „сините“ да им обезбеди титулазасега.
Џерард стана менаџер на Ренџерс во мај 2018 година и во првата сезона ги однесе до второто место на табелата зад Селтик, а во моментов тие се повторно на второто место со два поени зад Селтик, кои имаат осум титули во низа.
„Се работи за едноставна одлука. Среќен сум тука. Клубот пред десетина дена ми понуди нов договор и преговорите се одвиваат позитивно. Благодарен сум за шансата која ја добивам во Ренџерс и гладен сум да ги вратиме добрите денови во клубот“, изјави 39-годишниот Џерард.
По крајот на фудбалската кариера во 2016 година, Џерард работеше како младински тренер во Ливерпул пред да добие шанса во Ренџерс. Неговиот клуб загуби со 1:0 од Селтик во финалето на Шкотскиот лига куп во првиот обид да се освои титула.